Често поставувани прашања

Што е дискриминација?

Дискриминација е секое неоправдано правно или фактичко, непосредно или посредно правење на разлика или нееднакво постапување, односно пропуштање (исклучување, ограничување или давање првенство) во однос на лица или групи.

Врз основа на што некој може да ме дискриминира?

Врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа.

Како може да ме дискриминираат?

ДИРЕКТНО - Коешто има за цел одземање, нарушување или ограничување на еднаквото признавање или уживање на човековите права и основни слободи, споредено со третманот кој го има или би можело да го има друго лице во исти или слични услови.
ИНДИРЕКТНО - Кога мене или некоја група на која припаѓам, ќе ме стават во неповолна положба во споредба со други лица, со донесување очигледно неутрални одредби, критериуми или со преземање на определени практики.
Кога ВОЗНЕМИРУВАЧКИ и ПОНИЖУВАЧКИ се постапува кон мене или кон групата на која припаѓам и со тоа се има цел да ме понижат или да создадат застрашувач ка, понижувачка или непријателска средина.
Кога мене, доколку имам ментална или физичка попреченост, намерно ќе ми се оневозможи или отежни пристапот до здравствената заштита, односно ускратување на правата на здравствена заштита, редовен медицински третман и лекови, рехабилитациони средства и мерки во согласност со моите потреби, ускратување на правото на брак и создавање на семејство идруги права од областа на бракот и семејните односи, ускратување на правото на образование, на работа и правата од работниот однос. нема да се преземат мерки за отстранување на ограничувањата, односно превземено прилагодување на и нфраструктурата и просторот, користење на јавно достапни ресурси, или учество во јавниот и општествениот живот.
Кога трпам штетни последици кога сум пријавил, отпочнал постапка или сум сведочил за дискриминација.

Во која област може да бидам дискриминиран и да имам право да поднесам претставка до комисијата?

Може да поднесам претставка до комисијата за заштита од дискриминација, доколку сум дискриминиран во областа на:
  1. Работата и работните односи;
  2. Образование, наука и спорт;
  3. Социјална сигурност, вклучувајќи го и подрачјето на социјална заштита, пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и здравствена заштита;
  4. Правосудство и управа;
  5. Домување;
  6. Јавно информирање и медиуми;
  7. Пристап до добра и услуги;
  8. Членување и дејствување во синдикални, политички партии, здруженија на граѓани и фондации или други организации засновани на членство;
  9. Култура и
  10. Други области определени со закон.

Што треба да направам доколку некој ме дискриминира?

Да поднесам претставка до комисијата за заштита од дискриминација најдоцна во рок од три месеци од моментот од кога ме дискриминирале.

Како да ја поднесам претставката?

Писмено или усно, лично во комисијата за заштита од дискриминација, преку пошта, преку телефон или преку електронска пошта.

На кој јазик да ја поднесам претставката?

  • На македонски јазик
  • На јазик кој го зборуваат повеќе од 20% од граѓаните на Република Mакедонија
  • Ако живеам во единица на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, можам да употребам кој било од службените јазици и неговото писмо кои се користат во единицата на локалната самоуправа а комисијата ќе ми одговори покрај на македонски јазик, и на овој јазик.

Дали се плаќа за поднесување на претставка?

Не се плаќаат никакви такси и надоместоци

Што треба да доставам со претставката?

Сите факти и докази кои сметам дека одат во прилог на потврдување на дискриминацијата?

Што треба да очекувам од комисијата за заштита од дискриминација?

Најдоцна во рок од 90 дена од моментот на доставувањето на претставката, комисијата ќе достави мислење за наводната дискриминација до мене и до онбој против кого ја поднеоувам претставката и ако утврди дискриминација, ќе препорача начин на отстранување на повредата на правото. Ова ќе биде доставено и до мене и до тој што ме дискриминирал.

Што треба да направи оној кој ме дискриминирал ако комисијата утврди дискриминација?

Треба да ја отстрани повредата на правото во рок од 30 дена од денот на приемот на препораката, како и за тоа да ја извести комисијата.