Основи за дискриминација

Се забранува секоја директна или индиректна дискриминација, повикување и поттикнување на дискриминација и помагање во дискриминаторско постапување врз основа на:

  • пол,
  • раса,
  • боја на кожа,
  • род,
  • припадност на маргинализирана група,
  • етничка припадност,
  • јазик,
  • државјанство,
  • социјално потекло,
  • религија или верско уверување,
  • други видови уверувања,
  • образование,
  • политичка припадност,
  • личен или општествен статус,
  • ментална и телесна попреченост,
  • возраст,
  • семејна или брачна состојба,
  • имотен статус,
  • здравствена состојба

или која било друга основа која е предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор.