Области на дискриминација

Овој закон се применува од страна на сите државни органи,органи на единицата на локалната самоуправа, правни лица со јавни правни овластувања и правни и физички лица во областа на:

  1. работата и работните односи;
  2. oбразование, наука и спорт;
  3. социјална сигурност, вклучувајќи го и подрачјето на социјална заштита, пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и здравствена заштита;
  4. правосудство и управа;
  5. домување;
  6. јавно информирање и медиуми;
  7. пристап до добра и услуги;
  8. членување и дејствување во синдикални, политички партии, здруженија на граѓани и фондации или други организации засновани на членство;
  9. култура и
  10. други области определени со закон.