Онлајн претставка за дискриминација

Комисијата постапува по претставки, дава мислење и препораки за конкретните случаи на дискриминација. На подносителот на претставката му дава информации за неговите права и можности за покренување на судска или друга постапка за заштита; покренува иницијатива за поведување на постапка пред надлежните органи поради сторени повреди на овој закон. Повеќе тука.

Како да поднесете претставка?

Претставката можете да ја поднесете директно преку интернет (долу ) или со преземање на формуларот (десно).

Ако ја поднесувате директно преку интернет (долу) ќе дадете само основни податоци и информации. За потребните дополнителни детали Комисијата ќе Ве контактира дополнително, ако има потреба, преку контактите што се бара да ги наведете. По поднесувањето, ќе добиете потврда за прием по е-маил.

Ако го користите формуларот, ќе треба да го преземете и да гo пополните и да го потпишете. Потоа, треба да го доставите по е-маил (скениран, како прилог), или по пошта или пак лично на рака во канцелариите на Комисијата.