Европски ден на жртвите на криминалот од омраза, 22 јули

Со прогласувањето на Европски ден на жртвите на криминалот од омраза, целта е 22 јули да се воспостави  како ден за признавање на проблемот со криминалот од омраза во Европа, да се даде поддршка на жртвите, да се потврди заложбата за мониторирање, спорведување на законот и подигање на јавната свест со цел таквите кривични дела да се осудат и пречат.

Криминал од омраза претставува секое кривично дело каде сторителот е мотивиран поради некоја карактеристика на жртватакако што е раса, етничка припадност, религија, политичка припадност, сексуална ориентација или друго својство.

Имајќи во предвид дека и дискриминацијата претставува мотив за предизвикување на кривичните дела од омраза, Комисијата за заштита од дискриминација како централно, национално тело за спречување и заштита од дискриминација,како и за промоција и афирмација на принципите на еднаквост, толеранција и недикриминација, во рамките на своите надлежности ги повикува граѓаните кои се сведоци или жртви на инциденти од говор на омраза, да го пријават инцидентот во Комисијата за заштита од дискриминација. www.kzd.mk

Novosti: