Комисијата започна со промоција на кампањата ,,За нација без дискриминација``

На 17 ноември со прес - конференција, Комисијата за заштита од дискриминација и во соработка со Х.Е.Р.А. - Асоцијација за здравствена едукација и истражување и Коалицијата ,,Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници`` започна со промоција на кампањата ,,За нација без дискриминација`` дел од проектот ,,Зајакнување на владеењето на правото на заедницата на ЛГБТ - граѓаните, поддржан од Холандска Амбасада.

На прес – конференцијата  се промовираше видео спотот „За нација без дискриминација“, како дел од кампањата чија цел е подигање на свеста кај граѓаните и намалување на дискриминацијата по различни основи, особено на менување на сликата која со години е создавана за лицата со различна сексуална ориентација. https://www.youtube.com/watch?v=FA2nry3A3qs

Покрај тоа на овој настан беа презентирани и реализираните активности и постигнатите резултати од страна на Комисијата за заштита од дискриминација во текот на 2015 година во рамките на проектот „Зајакнување на владеењето на правото за заедницата на ЛГБТ граѓани“ - во соработка со Х.Е.Р.А. - Асоцијација за здравствена едукација и истражување и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, а поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.

Покрај видео спотот, на овој настан ќе биде промовиран и Протоколот за  утврдување на постапката за постапување во случаи за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет кој Комисијата го усвои согласно проектот ,Зајакнување на владеето на правото на ЛГБТ лизата``а со тоа, Комисијата за заштита од дискриминација обезбеди еден документ со чија помош се олесни и забрза процесот, како и ефикасноста при решавање на случаи за дискриминација по основ на сексуална ориентација и родов идентитет.

Комисијата го дополни формуларот за поднесување на претставка вклучувајќи го и основот сексуалната ориентација како основ на дискриминација. Од оваа година Комисијата на нејзината веб страна воспостави онлајн образец за  поднесување на случај на дискриминација. 

Комисијата активно работи на подигање на свеста кај сите граѓани, со цел намалување на дискриминацијата спрема сите различни, особено на бришење на сликата која со години е создадена за лицата со различна сексуална ориентација.  Оваа кампања е со особено значење како за работата на Комисијата така и за лицата со различна сексуална ориентација кои сакаме да ги охрабриме да поднесуваат претставки за дискриминација и сите заедно да пристапиме кон борба за елиминирање на стигмата и дискриминацијата кон ЛГБТ лицата, бидејќи само така можеме да постигнеме еднакво и толерантно општество во која ги прифаќаме и славиме разликите. Оваа кампања сметаме дека ќе придонесе кон зголеување на бројот на претставки за дискриминација спрема ЛГБТ лицата, а од друга страна ќе ги освести сите оние кои намерно, ненамерно или скриено ги дискриминираат лицата со различна сексуална ориентација. Комисијата заедно со поддршка на невладините организции работи на подигање на свеста на јавноста за проблемот на дискриминација, следење на  дискриминаторските, како и создавање на култура за почитување на човековите права, еднаквоста, толеранцијата и зголемување  на ефикасната правна заштита.

По основ на се сексуална ориентација и родов идентитет, во период од јануари 2011 до декември 2014 до Комисијата пристигнати се вкупно 18 претставки. Поголем дел од претставки се поднесени од правни лица, односно Здруженија на граѓани. Комисијата за заштита од дискриминација утврди дискриминација и вознемирување во 4 случаи, во 9 случаи не утврди дискриминација, во 3 случаи не поведе постапка согласно ЗСЗД.

Novosti: