Меѓународен ден на човековите права - соопштение

По повод Меѓународниот ден на човековите права 10 – ти Декември денот кога е усвоена Универзалната Декларација за човековите права на ОН во 1948 година, Комисијата за заштита од дискриминација со ова соопштение потсетува на значењето од почитувањето на човековите права. 

Меѓународниот ден на човековите права е посветен на целогодишната кампања на ОН по повод 50 годишнината од донесувањето на Конвенциите за Економски, социјални и културни права како и Конвенцијата за Граѓанските и политички права. Комисијата за заштита од дискриминација потсетува дека граѓанските, политичките, културните, економските и социјалните права се нераскинлив дел од човекот како индивидуа.

Комисијата повикува на непречено остварување на човековите права и слободи и ги охрабрува граѓаните да поднесуваат претставки за дискриминација до Комисијата со цел подигање на свеста за почитување на човековите права, принципите и дигнитетот на човекот кои му гарантираат сигурен и безбеден живот без насилство, омраза, непочитување и понижување.

Да придонесеме кон градење на општество во кое секогаш владее слободата, правото на живот, правото на слободно изразување како фундаменти на едно современо демократско општество.

Novosti: