Координативен состок со социјални партнери

Јован Ананиев, член на Комисијата за заштита од дискриминација, ги презентираше резултатите од истражувањето за разликата во платите меѓу половите, кое го спроведе Комисијата со поддршка на Мисијата. Дваесетина претставници од различни граѓански организации, државни институции и синдикати, учествуваа на презентацијата од која произлегоа препораки како да се подобри состојбата и да се намали разликата во платите кај различните полови на национално ниво.