Презентација на Годишниот извештај 2015 на Комисијата

Комисијата за заштита од дискриминација заедно со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираше промотивен настан со цел „Презентација на годишниот извештај на Комисијата за заштита од дискриминација за 2015 година.

Целта на оваа прес-конференција беше презентација на работата и реализираните активности од страна на Комисијата за заштита од дискриминација во текот на 2015 година. На настанот исто така, беше презентирана и разработка и анализа на конкретни статистички податоци, како и предизвиците со кои Комисијата се соочува, односно приказ на приоритетите за во иднина.

Годишниот извештај содржи анализа на статистички податоци, презентација на конкретни случаи кои даваат јасна претстава за тоа кој е степенот на промена на состојбата од претходните години, како и посочување на стратегијата како да се постигне подобрување и напредок на полето на заштитата од дискриминација. Извештајот содржи  и податоци за проактивното делување, за проектите кој ги има реализирано Комисијата во соработка со органите на државната власт, со невладините организции финасиски подржани од меѓународни организации сè со цел за подигање на свеста на јавноста за проблемот на дискриминација, следење на дискриминаторските, како и создавање на култура за почитување на човековите права, еднаквоста, толеранцијата и зголемување на ефикасната правна заштита.